Официјална Франција соопштува дека не гледа знаци на пробив во разговорите меѓу Украина и Русија и ќе почекаат делата да ги следат зборовите.
Ова е изјавата на францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.
„Војната продолжува и засега, колку што знам, нема пробив или нешто ново“ – рече Ле Дријан во интервју за „Франс 24“ и „РФИ“.
Тој додаде дека „има многу изјави од руските власти“.
„Ќе верувам само на дела“ – нагласи шефот на француската дипломатија.