Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево на тв Алфа рече дека народот во Македонија страда од поделби.
„Народот во Македонија е уморен од политичарите и од ниските страсти во политиката и продолжува да се дели, а тоа не е добро“ – рече Мицкоски.
Тој порача дека во овие тешки времиња кога се сочуваме со економска и национална криза потребно е обединување околу ВМРО-ДПМНЕ за да може да и тргне на Македонија.
„Нас ни треба во овие тешки времиња на сериозна економска криза, на сериозна национална криза, на сериозна криза која што веќе подолго време владее да се обединиме а не да продолжиме да се делиме и мислам денеска и тоа го зборувавме на прес конференцијата дека од поделби ние страдаме иако јас длабоко ценам дека треба од сето ова да извлечеме поука и да се обединиме околу политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ како никогаш досега за да може на државата да и тргне, да може на Македонија да и тргне“ – порача Мицкоски.
Тој се осврна и на резултатите од Пописот кои денеска беа презентирани на македонската јавност.
„Ние уште на самиот почеток имавме многу забелешки за оваа статистичка операција, но оној заклучок кој што можеме да го кажеме покрај фактот дека таа е некомплетна, е дека мнозинството, огромно мнозинство повеќе од 90-тина% од тие кои што не се изјасниле се дел од македонскиот народ според општините каде тие се наоѓаат и ние ги наброивме денес на прес-конференцијата но истовремено и порачавме дека веднаш после промената на власт ќе имаме една вистинска статистичка операција, електронски попис на кој што јасно ќе знаеме колкаво е резидентното население во Македонија“ – порача Мицкоски.