Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон, соопштија од МНР.
„Воедно, ја информираме јавноста дека и покрај тоа што постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга. Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација.
Уште еднаш напоменуваме дека информациите споделени во денешното соопштение на СДСМ се целосна лага и невистина“, порачаа од МНР.