Германија ќе ја намали помошта за Украина следната година

Германија ќе ја намали воената помош за Украина следната година, покажуваат податоците од предлог-буџетот за 2025 година.

Германската помош за Украина ќе се намали на четири милијарди евра во 2025 година од околу осум милијарди евра оваа година.

Германија се надева дека Украина ќе може да ги задоволи најголем дел од своите воени потреби со парите што ги има од замрзнатите руски средства и дека средствата наменети за вооружување нема да бидат целосно искористени.