Мирослав Лајчак – специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина денеска го поддржа ставот на шефот на Kомисијата за надворешни работи на Бундестагoт дека Брисел треба да почне преговори за членство со Скопје и со Тирана како и да воведе визна либерализација за Косово.
„Целосно се согласувам со вашата проценка“ – објави Лајчак на Твитер.
Неговиот твит е реакција на објава на Михаел Рот, државниот секретар за Европа во германското МНР кој претходно напиша дека ЕУ мора „да ги исполни своите ветувања: почеток на пристапните преговори со Албанија, Северна Македонија, визна либерализација за Косово“.