Во Дубровник соборен е рекорд на температура на морето – речиси 30 степени
Во Хрватска вчера беше соборен рекордот на температурата на морето откако Државниот хидрометеоролошки завод врши мерења, па температурата на морето во Дубровник во 17 часот е измерена на 29,7 степени.
Морето во Хрватска било најтопло во 2015 година на Раб, кога температурата била 29,5 степени.
Температурите на морето измерени вчера во хрватскиот Јадран никаде не беа пониски од 26 степени.