Олимписките игри во Париз веќе поставија рекорд – со 8,6 милиони продадени билети на две недели пред почетокот.
Претходниот рекорд од 8,3 милиони продадени билети во тоа време го држеше Атланта, домаќин на Игрите во 1996 година.
„Имаме 8,6 милиони продадени билети за Олимпијадата, плус милион за Параолимписките игри“, изјави за AFP шефот на организацискиот комитет, Тони Естанж.
Организаторите на Олимписките игри во Париз планираат да продадат 10 милиони билети за Игрите, кои ќе траат од 26 јули до 11 август, и 3,4 милиони за Параолимписките игри од 28 јули до 8 август.