Беснеат пожари во Грција – едно лице го загуби животот на Лезбос

Големи пожари ги зафатија Лезбос и Пелопонез.

Шумски пожар избувна во селото Стиманга во областа Коринтија на Пелопонез, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Во соопштението се наведува дека пожарот избувнал околу 12:40 часот.

На терен има вкупно 17 противпожарни возила со 63 пожарникари и пешки три противпожарни екипи, потпомогнати од пет авиони и три хеликоптери.

Како што објавија српски туристи на социјалните мрежи, еден човек загинал во пожар на Лезбос.