Џорџа Мелони, премиерката на Италија, вчера на маргините на самитот на НАТО во Вашингтон се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Ден по средбата на социјалните мрежи се шират урнебесни видеа од средбата на лидерите.
Имено, на лидерската средба Мелони привлече внимание пред се поради нејзините реакции.
Ердоган за време на разговорот имал помош од преведувач, а во моментите кога се свртел кон неа, италијанската премиерка го следела со очите, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
İtalya Başbakanı Giorgia Meloni’nin Cumhurbaşkanı Erdoğan’a karşı samimi tavırları sosyal medyada gündem oldu pic.twitter.com/y6NEXWMhdS
— ENSONHABER (@ensonhaber) July 11, 2024
Слична реакција предизвика Мелони при неодамнешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кон кого, судејќи по изразот на лицето, не ја криеше својата нетрпеливост.
Инаку, по средбата меѓу Мелони и Ердоган, турскиот претседател излезе со изјава во која нагласи дека во фокусот на разговорот биле билатералните односи.