Хеликоптерот на Армијата, кој според најавите требаше околу 12 часот да биде ангажиран во гаснењето на пожарот во неготинско, се уште не е вклучен, додека хеликоптерот на Министерствто за внатрешни работи кој од утринава интервенираше од воздух е повлечен поради одработени часови, информираа од Центарот за управување со кризи за МИА.
– Хеликоптерот од МВР кој беше ангажиран во гаснењето на пожарот во Неготино е повлечен бидејќи ги исполнил работните часови. Армискиот хеликоптер се уште е на задачи и не е ослободен. Ветија дека ќе го пуштат до 12 часот, велат од ЦУК.
Од Општина Неготино, каде вчера формираа Кризен штаб, упатија апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045.