ФФМ ќе ги награди фудбалерите со 4,5 милиони евра ако се пласираат на СП

Фудбалската федерација на Македонија ветила награда за фудбалските репрезентативци во висина од 4,5 милиони евра ако обезбедат пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски вечерва од 20:45 часот во Порто ќе го почнат финалниот дуел од плејофот за пласман на Мундијалот во Катар. Противник ќе им биде Португалија која важи за апсолутен фаворит на тој меч.

Претходно, премија во висина од 500.000 евра за пласман на Мундијалот на фудбалерите им вети премиерот Димитар Ковачевски.