Левица: Муцунски не исполни ниту едно од ветувањата со кои ги прелажа Аеродромци да гласаат за него

Паролата на сегашниот министер за надворешни работи, а до пред еден месец градоначалник на Општина Аеродром беше „ЗА АЕРОДРОМ ГАРАНТИРАМЕ” дека ќе го направиме најдобрата општина во Македонија, смарт општина, општина со нови училишта и градинки, со мултимедијален центар за млади, вело-дром, општина со најмногу зеленило, нов современ парк и што ли уште не. Или како во народната „Шта се баби хтило, то јој се и снило“, соопштија од Левица Аеродром.

„И да, драги сограѓани гласавте за сон. Од се’ што беше ветено ништо не е остварено.

Тимчо Муцунски не исполни ниту едно од ветувањата со кои ги прелажа Аеродромци да гласаат за него.

Замина од градоначалничката функција и покрај ветувањето кое го даде дека ќе биде градоначалник до крајот на мандатот. Ако работи исто и во Министерството за надворешни работи како што работеше во општина Аеродром, верувајте дека Бугари во Устав сигурно ќе има.

А, ако се преслика паролата „ЗА АЕРОДРОМ ГАРАНТИРАМЕ” во ЗА ДРЖАВАТА ГАРАНТИРАМЕ вистинската парола би била ЗА ДРЖАВАТА ГАРАНТИРАМЕ – ЌЕ ЈА РУИНИРАМЕ

Нека ни е со среќа“, додаваат оттаму.