Чуварот на мрежата на Македонија доби мурал во Куманово

Првиот голман на македонската фудбалска репрезентација, членот на шпански Рајо Валјекано – Столе Димитривски доби мурал во родното Куманово. На овој начин здружението „Форма“ им дава поддршка на македонските репрезентативци.

„Самоиницијативно го изработивме муралот, поттикнати од успехот на македонската репрезентација и особено сакаме да ја искажеме поддршката за нашиот сограѓанин, Столе Димитриевски. Им посакуваме успех на македонските фудбалери“ – изјавија Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски кои го изработија муралот.

Ова здружение го организира и фестивалот „Графити фест“, кој годинава ќе се одржи во мај, по четврти пат.

Утре, на градскиот плоштад во Куманово со почеток во 20:30 часот граѓаните ќе можат преку видео-бим да го проследат натпреварот со Португалија, информираа од општината.