Маж (59) од Италија е уапсен откако со нож го избодел својот брат до смрт, му ја отсекол главата и ја фрлил главата од тераса во провинцијата Беневенто.
Бруталното злосторство се случило синоќа, а шокирани граѓани повикале полиција.
Приказната изгледа малку веројатна, но се испоставило дека е сосема реална кога полицијата пристигнала на местото на настанот и го пронашла безживотното тело на 65-годишникот, неколкупати избоден и обезглавен.
На страшната сцена посведочеле и други локални жители, јавуваат италијанските медиуми.
Осомничениот (59) за свирепо кривично дело се предал без отпор и бил испрашуван во текот на целата ноќ.
Карабинерите ги испрашуваат роднините и познаниците на браќата кои живееле заедно во семејната куќа. Во тек е истрага за реконструкција на мотивот на злосторството.