Илир Бекај утрово е уапсен заедно со уште две лица, а според првите информации се работи за злоупотреба на странски донации, информираат од Еуроњуз Албанија.
Случајот се однесува на средства на дирекцијата на SASPAC, а се сомнева дека Бекај правел фиктивни фактури, фалсификување исправи и друго.
Во врска со ова досие, пред неколку месеци беа извршени проверки во некои фирми.
Бекај се појавил во комуникација со своите подредени во времето кога раководел со канцеларијата на SASPAC, а разговорот бил поврзан со „копирање“ писма.
Сега за Бекај, покрај безбедносните мерки „обврска за јавување“ и „забрана за излез“, се додава уште една мерка за безбедност – затвор.
Еден од другите уапсени е Ермал Куртулај, додека името на третиот уапсен се уште не е соопштено.
Бекај беше член на Социјалистичката партија во повеќе законодавни собранија и беше министер за здравство од 2013 до 2017 година.
Во 2021 година, премиерот Еди Рама го назначи за шеф на SASPAC.