Петков: Време да се смени правецот на испорака на гас

Бугарскиот премиер – Кирил Петков, на средбата со своите колеги од С. Македонија – Димитар Ковачевски, Романија – Николае Чука и Црна Гора – Здравко Кривокапиќ , истакна дека Трансбалканскиот гасовод има капацитет да ги снабдува со енергија сите земји во регионот. Според него, сега е време да се смени правецот на испорака на гас од југ кон север и запад од Романија и С. Македонија.

„Коридорот 8 е клучен и треба да биде цврсто на картата на Југоисточна Европа. Треба да има координација на регионално ниво наместо да се купуваат скапи безбедносни системи“, вели Петков.

Според него, безбедноста на храната е поврзана со снабдувањето со пченица, нафта и други клучни земјоделски добра.

Министрите за земјоделство од овој формат наскоро ќе се сретнат за да разговараат за оваа важна тема.