6 милијарди евра помош од Шпанија за Украина

Премиерот на Шпанија – Педро Санчез денеска го претстави планот да понуди 6 милијарди евра (6,7 милијарди долари) директна помош за домаќинствата и за стопанството за надминување на економските последици од руската инвазија врз Украина.

Тој појасни дека планот предвидува приближно шест милијарди евра наменети што за директна помош, што за даночни олеснувања, како и десет милијарди евра во форма на заеми загарантирани од Владата за ублажување на влијанието на кризата врз семејствата и бизнисите.

Вонредниот план за поддршка треба да биде одобрен на утрешниот состанокот на Владата, а да стапи во сила до 30. јуни.