Во Украина досега се убиени 143, а повредени 216 деца

„143 деце се убиени, а 216 повредени од почетокот на руската воена интервенција во Украина“. Ова го соопшти комесарката на украинската врховна Рада одговорна за човекови права – Људмила Денисова.

Омбудсманот во соопштението објавено преку „Телеграм“ појаснува дека „според регистерот преткривични истраги и други засега непроверени извори, до 8:00 часот на 28 март 2022 година во руската инвазија се убиени 143, а ранети 216 деца“.

Таа уште посочува дека вистинскиот број загинати и повредени деца не може да се утврди поради тоа што во повеќе области на Украина се водат интензивни вооружени престрелки, а неколку града се под активно воено дејство на руските окупациски трупи.

Од 24. февруари кога почнаа воените дејствија на руските сили, во Украина на сила е воена состојба и општа мобилизација на населението.