Руска реакција за Бајден: Тој е слаб, болен и несреќен!

По вчерашната изјава на американскиот претседател Џо Бајден, кој во говорот во Варшава рече дека „Путин не може да остане на власт“, ​​предизвика гнев кај политичарите во Москва и е протолкувана како драматичен пресврт во надворешната политика на САД.

Претседателот на рускиот парламент – Вјачеслав Володин овој настап на Бајден го нарече „недипломатски“ и „хистерија“.

„Бајден е слаб, болен и несреќен“ – искоментира Володин на мражата „Телеграм“.

„Американските граѓани треба да се срамат од својот претседател. Можно е и да е болен. Би било добро да се подложи на лекарски преглед“ – рече спикерот на државната Дума.