Ахмети: Членство во НАТО – гаранција за суверенитет, безбедност и стабилност!

„Членството во НАТО е најголемиот придонес што можевме да го дадеме за мир и благосостојба. Ние веќе не сме на агендата, туку учествуваме во нејзиното креирање и ги решаваме сите прашања заедно со НАТО сојузниците. Нашите далекувидни политики се покажуваат исправни. Како што рековме, така и беше направено“ – напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук по повод 2 години од членството на земјава во Алијансата.

Во овој период на неизвесност и геополитички тензии, наведува Ахмети, НАТО е клучен фактор за стабилност на земјата.

„Нашето членство во НАТО е гаранција за суверенитет, безбедност и стабилност“ вели Ахмети.