Од 21 до 27 јуни, пријавени се 40 нови случаи на голема кашлица, за еден помалку во споредба со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, 11 се хоспитализирани, информира дирекеторт на на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мемети.
-Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 27 или 67,5 отсто. Пријавени се и осум случаи од Битола, три од Тетово и два нови случаи од Ресен. Возраста на заболените се движи од еден месец до 42 години, а најголем број на случаи се од возрасната група од 0-4 години – 20, односно 50 отсто. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 27 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, шест се комплетно вакцинирани и седум се вакцинирани согласно возраст, пишува во најновиот извештај на ИЈЗ.
Заклучно со 27 јуни, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 826 случаи на голема кашлица, со инциденца од 45,0/100 000 жители.
-Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година), кога се регистрирани вкупно 10 случаи. Дистрибуцијата на случаите по однос на место на живеење покажува дека најголем број лица живеат во Скопје – 648 со зафаќање на 17 општини. Во рамките на епидемијата во Куманово се пријавени 49 заболени лица, а случаи се пријавени и во други 20 градови низ државата, се додава во извештајот.