Чавушоглу: Руските олигарси се добредојдени во Турција!

„Руските олигарси се добредојдени во Турција, но тие мора да го почитуваат меѓународното право кога работат“. Ова е изјава на турскиот министер за надворешни работи – Мевлут Чавушоглу.

Турција ја осуди руската инвазија на Украина, но рече дека се противи на санкциите наметнати од нејзините сојузници во НАТО, пренесе „Ројтерс“.

„Доколку руските олигарси или било кој руски граѓанин сакаат да ја посетат Турција, се разбира дека можат да го направат тоа. Дали олигарсите можат да работат во Турција? Ако тоа е легитимен бизнис што не е спротивен на меѓународното право, тогаш ќе го разгледаме. Ако тие дејствуваат спротивно на меѓународното право, тогаш тоа е друга приказна“ – рече Чавушоглу.