Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел, пред средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, изјави дека „вложува напори да го доведе српско-косовскиот дијалог до оперативно решение“ за спроведување на Охридскиот договор.
На маргините на состанокот на шефовите на дипломатиите во Луксембург, Борел им рече на новинарите дека сега е клучно, бидејќи членките на ЕУ го разгледуваат неговиот предлог барем за постепено укинување на санкциите за Косово.
„И тоа може да создаде сценарио во кое Дијалогот, не велам дека ќе се обнови, но барем нема грубо да се прекине“, соопшти високиот претставник на Унијата.
„Двајцата лидери (на Србија и на Косово) се состанаа долго време во рамките на дијалогот и не сакам тој да заврши пред да го завршам мојот мандат“, рече Борел.
Високиот претставник на ЕУ објасни дека Приштина и Белград „од една или друга причина не биле во можност да го спроведат тој договор“, но рече дека „сега е неопходно да се обноват состаноците на високо ниво за да се знае каде сме “.
Според најавата на ЕЕАС, Борел и Лајчак утре во Брисел прво одделно ќе разговараат со Вучиќ, а потоа само со Курти, по што ќе следи заедничка средба на високи претставници на ЕУ и српскиот претседател и косовскиот премиер.