Смртта го заборавила, тврди дека има 181 година
„Јас сум најстариот човек во светот. Роден сум пред 181 година, смртта ме заборави“. Ова е тврдењето на Индиецот – Махашта Мураши кој е чевлар од северниот дел на земјата. Тврди дека е роден во 1835 година. Ако е така, тогаш тој е најстариот или еден од најстарите луѓе на светот.
Конкуренција му е Нигеријката Ефичо која тврди дека живее 191 година, но нејзината „приказна“ не е поткрепена со докази.
Индиските власти ги потврдуваат тврдењата на Мураши, но лекарите не можеле да го потврдат тоа затоа што последниот лекар што го прегледал старецот починал пред 50 години.
Индиските медиуми одат со информација дека чевларот од Бангалор е роден на 6 јануари 1835 година. Во 1903-тата се преселил во Варанс, каде што работел се до неговото пензионирање на 122-годишна возраст.
„Ги надживеав и моите внуци, тие одамна починаа. Се чини дека смртта целосно ме заборави. Никогаш не очекував дека ќе доживеам ниту 150. Веројатно сум безмртен, а тоа ми причинува неописиво задоволство“ вели тој.