Најголемиот град во западна Украина – Лавов денеска беше цел на руски воздушен напад, соопшти градоначалникот Андриј Садовиј.
Тој ги повика луѓето да останат во засолништата за воздушни напади и да се воздржат од споделување фотографии или видеа од нападот.
Градоначалникот на Чернихив, пак, изјави дека овој северен украински град е уништен од страна на руските војници.
„Градот е целосно уништен“ – рече денеска градоначалникот Владислав Атрошенко додавајќи дека во изминатите неколку недели убиени се над 200 цивили.
Градот сега има само половина од вообичаените 285.000 жители.
Атрошенко ги опиша моменталните услови во градот како катастрофални.
„Чернихив беше без струја“ – рече тој.