Руски олигарх остана без два авиони во Велика Британија
Владата во Велика Британија заплени два приватни авиони, сопственост на рускиот олигарх и нафтен тајкун – Еуген Швидлер, јави „Би-Би-Си“.
Министерот за транспорт на Британија – Грант Шапс рече дека „Пријателите на Путин не треба да уживаат во луксуз додека умираат невини луѓе во Украина“.
Швидлер е на списокот за санкции поради неговите деловни врски со сопственикот на Челси, Роман Абрамович.
Неговата нето вредност се проценува на 1,45 милијарди евра, објави британската влада.
Запленетите авиони се проценуваат на околу 55 милиони евра.