Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.787 тестови, а регистрирани се 232 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14…
Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје – 140, Битола – 19, Прилеп – 11, Кавадарци – 10, Куманово – 8, Велес – 5…
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата бројот на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.