Претседателот на САД – Џо Бајден за време на разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда потенцираше дека мирот во Европа е директно поврзан со стабилноста во САД.
„Способноста на Америка да ја исполни својата улога во другите делови на светот почива на обединета, безбедна Европа. Учевме од тажното искуство од двете светски војни, кога не бевме вклучени во стабилноста во Европа. Тоа секогаш се враќа и не прогонува нас – САД“ рече Бајден.
„Значи, веќе долго време зборувам, и како сенатор кој бил овде во посета, како член на Комитетот за надворешни работи, како потпретседател осум години, сега како претседател, дека стабилноста во Европа е клучна за САД. Не само во Европа, туку во целиот свет“ вели тој.
Бајден рече и дека тој и американските челници гледаат на членот 5 на НАТО како на „света обврска“. Членот 5 е принцип дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки.
Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин мисли дека неговата инвазија на Украина ќе може да ги подели земјите-членки на НАТО.
„Најважниот критериум во овој свет што се менува е НАТО да остане апсолутно, целосно, целосно обединет. Нема поделба во нашите ставови. Дека што и да правиме, правиме сложно, и сите се согласуваат“ потенцира Бајден.