Екс-лидерот на албанската опозициска Демократска партија, актуелен пратеник и предводник на партиското крило, наречено Комисија за обнова на партијата, Сали Бериша (78), јавно ја соопшти неговата определба повторно да застане на чело на партијата.
Тој додаде дека „ќе биде во отворена конкуренција за да го преземе раководството на Демократската партија и да се натпреварува со секого“.
„Ќе бидам во отворена трка и го поканам секој колега да се натпреварува, добредојден е секој во фер натпревар, со правила. Секој може слободно да има своја агенда на средби и свои гласачи“ – рече Бериша.
Тој ги повика сите демократи да се приклучат на напорите на Комисијата за обновување формирана од него за заживување на десницата.
Бериша се повлече од лидерската функција во 2013 година, по две децении на чело на ПД, по поразот на парламентарните избори, по што беше прогласен за историски лидер.