Очекувањата на граѓаните од новата Влада се да испорачува она што го ветуваше, ама економските експерти сметаат дека меѓу очекувањата и ветувањата „граѓаните треба да бидат среќни ако не ни стане полошо“.
„Страв во коски од таа милијарда која ја слушаме“ вели професорот Ванчо Узунов.
Виктор Мизо порачува „Од секоја нова Влада, барем досега, очекувањата се на економско поле“ и очекува барем дел од ветените милијарда евра на Мицкоски да заврши во домашните компании.
Никица Мојсовска-Блажевски – извршна директорка на „Македонија 2025“ вели „задолженоста расте, имаме големи потреби за големи инвестиции во инфраструктурата, во здравството. Ни недостасува визија и имплементација за излез од кризата. Не сме имале силни државници кои имале силна визија за да ја видат Македонија како развиена земја“.
Влора Адеми – основач на ИТ – компанијата „Digicube“ смета дека „политичката незрелост на нашите политичари доведува до нестабилност“.
Таа смета дека „сега е време нашите политичари да бидат позрели, повизионери, за да можат да постават стратегии, поробусни“.
Во вечерашното издание на Трилинг разговор и со Миле Бошњаковски – автор на филмот „Се извинувам Кежаровски тука живее?“.
Погледнете го најновото издание на Трилинг со Горазд Чомовски: