„Владата во сред криза троши милиони на мебел, цвеќиња и возила.
Наместо штедење и откажување од непродуктивните трошоци, Ковачевски троши милиони на луксуз.
Министерството за политички систем на Груби ќе потроши 350.000 денари за перење коли, 530.000 денари за ажурирање на страната, 400.000 денари за жардињери и 470.000 денари за консултантски услуги.
Министерството за надворешни работи троши 1.3 милиони за мебел, 600.000 денари за набавка на подароци и 350.000 денари за цвеќиња.
Спасовски во МВР ќе плати 15.400.000 денари за канцелариски мебел, а Маричиќ во СЕП ќе потроши 700.000 денари за перење на коли.
Министрите на СДСМ и ДУИ не штедат во криза тие трошат од парите на народот и затоа не сакаат намалување на акцизата за горивата за 50%, за да има пари во буџетот за тендери“ се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.