Таа продолжи и додаде:
„Ќе инвестираме во граѓаните, ќе се грижиме за нивниот начин и живот бидејќи доста е веќе од оние популистички мерки кои ги гледавме изминатиот период”, рече Бојковска.
Таа додаде дека младите се зрели и подготвени за на институционално ниво.
„Младите се зрели и подготвени работите да ги преземат во свои раце институционално и тоа го имаме во примери во претходниот состав на парламентот каде млади пратеници активно се залагаа за младинскиот животен стандард”, посочи Бојковска.