(Видео) Адеми: Професионалците во ИТ индустријата не сакаат да живеат во политичка нестабилност, па затоа си одат од државава

„ИТ домеинот не е сличен со другите индустрии. Многу корпорации намалија број на вработени, имавме економска криза, па се доведе до тоа компаниите да бидат попретпазливи. Ние како држава сме познати да нудиме човечки капитал, немаме кој знае какви природни капацитети. Но и тој човечки капитал што го имаме, миграцијата донесе до други предизвици, многу млади луѓе заминаа од државата“ – вели Влора Адеми – основач на ИТ компанијата „Digicube“ во најновото издание на Трилинг.

Таа смета дека „последните години видовме стимулации од државата, но не секогаш е во финансискиот момент. Политичките лидери мислат дака ако се нуди финансиска поддршка тоа е доволно за да се поттикне тој економски развој. Не, мислам дека пристапот е погрешен“.

Во ИТ индустријата платите се добри за македонски услови, но сепак кадрите се одважуваат перспективата да ја бараат надвор од државата. За тоа дали не умееме или не знаеме да ги задржиме дома Адеми со став:

„Политичката незрелост на нашите политичари доведува до нестабилност, професионалците во ИТ се интелигентна популација, кои генерално би сакале да живеат во некој систем кој што има стандард, добар живот, каде што има ред и дисциплина. Кај нас има многу негативни приказни во секојдневието, политичка нестабилност, економска криза, и сето тоа влијае. Ова е една од причините зошто младите веруваат дека спасот е надвор од државата“.

Таа за себе вели дека е „бунтовник за позиционирање на жената во општеството. Таа родова еднаквост е битна. Последните години има многу напредок, но овој напредок е успешно реализиран само во квантитетен пристап. Јас строго кажувам дека тоа што на нас ни е потребно е вертикален, поквалитетен пристап“.

За тоа дали жените се поголеми претприемачи од мажите, ќе каже „Ние некои работи ги предвидуваме однапред, за жал тоа не се користи доволно во државата“.

„Владата нема доволно политики да ги идентификува професиите на фриленсерите. Нема некоја регулатива, иако тие професии постојат, сепак младите размислуваат да избегаат од земјава. Две децении се зборува за дигитализација на сите системи, се уште се отворени истите тендери, а се уште имаме многу нерешени проблеми. Во дигитализацијата треба сериозно да се навлегува“ вели Влора Адеми.