Макрон: Нема причина да прифатиме рускиот гас да се плаќа во рубљи

Емануел Макрон – претседателот на Франција синоќа изјави дека нема причина да се прифати барањето на Русија за плаќање на рускиот гас во рубли.

„Сите текстови што се потпишани се јасни. Ова е забрането“ – рече Макрон на прес-конференција по синоќешниот самит на ЕУ во Брисел.

Тој додаде дека „европските компании кои купуваат гас и работат на европска територија мора да го прават тоа во евра“.

„Затоа не е можно да се направи тоа што се бара денеска, тоа не е договорно“ – изјави Макрон.

Францускиот претседател додаде дека не верува оти Русија сака да ги раскине договорите, но изјави дека, ако е така, тогаш Москва треба тоа да го каже експлицитно.