Срѓан Јанковиќ, еден од двајцата осомничени за убиството на Данка Илиќ во Бањско поле, е изведен во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, а причина за повторното испитување се дополнителни прашања од нелогичноста на неговите изјави.
Јанковиќ бил изнесен од полициската станица со лисици на рацете и на нозете. Тој е облечен во црна кошула, а во обвинителството влегол со наведната глава, јавуваат српските медиуми.
Тој досега трипати даваше изјави.
Јанковиќ на претходното рочиште на почетокот на јуни годинава потврди дека кобниот ден бил во тоа село во околината на Бор со неговиот колега од ПУК „Водовод“ Дејан Драгијевиќ, но и негираше дека двајцата од тој ден ја виделе Данка Илиќ, како и дека ја удриле со службено возило.
Но, она што остана незабележано се тврдењата на осомничениот Јанковиќ дека неговиот исказ во полиција бил изнуден, поради што Вишото јавно обвинителство Заечар отвори предмет.
„Вишото јавно обвинителство Заечар има оформено предмет во врска со околностите кои осомничениот Срѓан Јанковиќ ги навел на распитот во ова обвинителство, а поврзани со околностите на распитот во полиција“, изјавијаја од Обвинителството.