Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во средата јужно од Крит, во морската област.
Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени.
По него следеше нешто посилен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 48 километри од градот Палеохор.
Третиот земјотрес со јачина од 3 степени бил на истото место како и вториот, на длабочина од 12,9 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.