„Војната во Украина ги засега сите во Европа“

Киевскиот градоначалник – Виталиј Кличко вели дека „војната во Украина ги засега сите во Европа, бидејќи не се знае која е крајната цел на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Неговата амбиција е обнова на Советскиот сојуз. Денеска Доњецк и Луганск, утре можеби Полска. Прашање е колку Путин далеку ќе отиде и оваа војна може да влијае на сите во Европската Унија“ – изјави Кличко за регионалната телевизија „Н1“.

Тој изјави дека Украина од САД и НАТО очекува одбранбено оружје и додаде дека дел од најавената американска воена помош веќе пристигнала во Украина.

„Веќе долго бараме затворање на воздушниот простор над Укрина. Ако тоа не може да го направите, дајте ни оружје, ние сами ќе го затвориме небото“ рече Кличко.