Во Скопје на ул.„Ферид Мурати“ денеска во 13.45 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ј.(29) од скопско Арачиново, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 12 години за сторени кривични дела „убиство“ по член 123 став 2 точка 7 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.