По денешниот состанок организиран од страна на ЦУК, со присуство на претставници на општина Центар, Град Скопје и МВР, во врска со срушениот ѕид и ограда на Клиничкиот центар, се потврди укажувањето на Град Скопје дека законска надлежност за постапување во овој случај, односно согласно законските и подзаконски акти е на Министерството за здравство на Македонија, соопштија од Градот.
„Ѕидот кој има функција на ограда на Клиничкиот центар е надлежност на Министерството за здравство, односно негова изградба/реконструкција може согласно законските и подзаконски акти да прави единствено Министерството или негов орган овластен за истото, за што од страна на инспекторатот на општина Центар е издадено Решение за постапување“, се вели во реакцијата.