Првата ѕвезда на португалскиот фудбал, асот на Манчестер Јунајтед – Кристијано Роналдо по синоќешната победа на Португалија над Турција со 3-1 во полуфиналето на мундијалскиот бараж се јави на социјалните мрежи.
Роналдо во пресрет на мечот во вторник во Порто уверува дека тој и неговата селекција ќе бидат дел од Мудијалот, иако изрази почит за нашиот национален тим кој синоќа ја шокираше Италија во Палермо.
„Првиот чекор кон нашата цел е направен. Ништо не е добиено, мора да продолжиме со сериозна работа и фокус. Да, го почитуваме противникот, но веруваме во нашите способности, напред Португалија! Одиме во Катар“ – напиша Роналдо на Твитер.