Од почетокот на војната во Украина убиени се 135 деца

Обвинителството на Украина денеска излезе со соопштение дека 135 деца се убиени, а 184 се ранети од почетокот на руската инвазија на Украина.

Податоците се ажурирани и властите посочуваат дека две деца биле убиени за време на жестоки борби во градот Рубижне, регионот Луганск, пренесува „Би-Би-Си“.

И вчера, две деца на возраст од шест и 13 години беа повредени во Новомихаиливка, регионот Доњецк, по руското гранатирање.

Обвинителите додадоа дека тројца тинејџери – на возраст од 13, 14 и 15 години – биле разнесени од мина во Обилне во регионот Запорожје. Тие се пренесени во болницата Мелитопол каде еден е во критична состојба на одделот за интензивна нега.