Европската комисија денеска усвои заеднички план за имплементација на Пактот за миграција и азил, со кој се утврдуваат клучните пресвртници за сите земји-членки со цел да се воспостават правни и оперативни капацитети потребни за да се започне со имплементација на новото законодавство до средината на 2026 година.
Како што се наведува во соопштението на Европската комисија, заедничкиот план за имплементација дава образец за националните планови за имплементација кои земјите-членки треба да ги усвојат до крајот на годината.
Ја групира правната, техничката и оперативната работа во 10 компоненти за да се фокусираат и олеснат напорите за практична имплементација.