
Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорожје се искачи на 12. Зеленски: Вака Путин се заблагодари за дизелот
Бројот на загинатите во рускиот напад со наведувани бомби врз украинскиот град Запорожје, извршен во раните утрински часови, се искачи на најмалку 12 лица, меѓу кои има и три деца, а уште 14 се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Бројот на загинатите во рускиот напад со наведувани бомби врз украинскиот град Запорожје, извршен во раните утрински часови, се искачи на најмалку 12 лица, меѓу кои има и три деца, а уште 14 се повредени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Денеска Русија ни се заблагодари за укинувањето на санкциите за извозот на дизел-гориво со тоа што фрли пет планирачки бомби врз станбени згради во Запорожје. Засега, за жал, се знае за 12 загинати, меѓу кои три деца. Им изразувам сочувство на нивните најблиски и роднини“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Украинскиот претседател додаде дека меѓу 14-те повредени, состојбата на двајца е тешка и лекарите се борат за нивниот живот. Се проверуваат и информациите за уште 12 лица за кои се претпоставува дека се наоѓале на погоденото место. Сите надлежни служби се на терен, а спасувачките операции продолжуваат.
„Во текот на ноќта беа нападнати 13 наши региони. Има разурнувања на станбени згради, инфраструктура и железнички линии“, истакна Зеленски.
Тој додаде дека оваа ноќ станала уште една потврда дека Русија секое намалување на притисокот го толкува како сигнал дека војната може да продолжи и дека може да се фрлаат бомби врз градовите.
„Потребни се поинакви сигнали. Русија мора да разбере дека војната треба да биде запрена и за тоа мора да ги почувствува последиците од своите постапки. Во моментов, токму нашиот дострел за воздушни напади го овозможува тоа. И нашите одговори на руските напади ќе следуваат“, нагласи Зеленски.