Македонија ја шокираше Италија и е на чекор до Мундијал

Фудбалска репрезентација на Македонија вечерва направи „светско чудо“ во Палермо.

Сензационално ја совлада Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29. март.

Ова е несомнено најголемата победа во историјата на македонскиот фудбал. Сите фудбалери предводени од селекторот Благоја Милевски се подеднакво заслужни за овој резултат, но „шлагот на тортата“ беше дело на поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92. минута.

Македонија сега е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе и биде потребна уште една гостинска победа на 29. март во Порто против Португалија. Португалците предводени од Кристијано Роналдо во второто полуфинале од групата ја совладаа Турција со 3-1.

https://streamff.live/3298b6