САД испраќаат оружје во Украина вредно 1 милијарда долари

Претседателот Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе и испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од 1 милијарда американски долари.

„Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари. Зборувам за системи за противвоздушна одбрана, противтенковски оружја, беспилотни летала и милиони парчиња муниција“ – истакна Бајден.

„Ги поздравувам чекорите што нашите сојузници ги преземаат за да обезбедат одбранбена помош за Украина. Заедно ќе идентификуваме и испратиме дополнителна опрема, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, се за да и помогнеме на Украина“ – нагласи американскиот претседател.