Портпаролот на вооружената бригада Ал Касам на Хамас, Абу Убајда, денеска соопшти дека во израелската операција за спасување на заробените во бегалскиот камп Нусејрат и околните области во централниот дел на Појасот Газа биле убиени неколку заложници, пренесува Ројтерс.
Израелските власти соопштија дека денеска починал командантот на антитерористичката единица Јамам, 28-годишниот Јитав Лев Халеви, кој беше ранет за време на операција на Западниот Брег на 4 мај, пишува Тајмс оф Израел.
Ослободени се Ноа Аргамани, Алмонг Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив, кои беа меѓу заложниците кои Хамас ги киднапираше на 7 октомври од музичкиот фестивал „Супернова“.
Претходно денеска во израелското бомбардирање на кампот Нусејрат, според палестинските власти во енклавата, загинаа 210 лица, а околу 400 се повредени, пренесува Танјуг.