15 години затвор му се заканува на Македонецот фатен со амфетамин во Бугарија

Окружниот суд – Ќустендил изрече мерка притвор за М.Ристиќ, државјанин на Република Северна Македонија, соопшти прес-центарот на Судот обвинет за тоа што на 03.06.2024 година, на излез на подрачјето на граничниот премин – „Гуешево“, во патничкото возило што го управувал со скопска регистарска табличка, без соодветна дозвола согласно законот, се обидел да пренесе високоризична наркотична супстанција преку границите на државата.

Станува збор за амфетамин, спакуван во 18 пакувања, со вкупна бруто тежина од 21 килограм – кривично дело од чл. 242, став 2, во врска со чл. 18 ст.1 од Кривичниот законик.

Станува збор за тешко кривично дело со умисла, за кое законот предвидува казна „затвор“ од 10-15 години и „парична казна“ од 100.000 до 200.000 лева Судот прифатил дека постои реална опасност обвинетиот да побегне или да изврши кривично дело, со оглед на фактот дека е обвинет за тешко намерно кривично дело со висок степен на јавна опасност.