Англија загуби од Исланд во пресрет на Евро 2024
Фудбалската репрезентација на Англија синоќа беше поразена со 1:0 од селекцијата на Исланд во пријателски натпревар одигран на „Вембли“ во Лондон.
Стрелец на единствениот гол на оваа средба беше Јон Дагур Торштајнсон во 12. минута.
На 3 јуни Англија ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со резултат 3:0.
Следниот пријателски натпревар на Исланд е в понеделник (10 јуни) против Холандија.
Репрезентацијата на Англија предводена од селекторот Герет Саутгејт ќе игра на Европското првенство во 2024 година во Германија и важи за прв фаворит за трофејот.
Евро 2024 ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.