Деветгодишната Лена Кљајиќ од Обреновац веќе привлекува внимание како најмлад мајстор за бурек во Србија. На петгодишна возраст за првпат направила ситни колачи, а на осум години веќе успешно подготвувала пити и буреци во пекарата на татко и.
Љубовта на Лена кон пекарството не е случајна. Нејзиниот татко е сопственик на локална пекара во Обреновац, а со овој бизнис се занимава повеќе од 30 години, што придонесе неговата страст и вештини да и ги пренесе на Лена.
Самата Лена покажала интерес да го научи овој занает, а јас сум тука да и помогнам да научи да биде вистински мајстор за бурек, и да се занимава сè рачно, а не механичко – нагласува нејзиниот татко.
Лена јавно ги презентира сите свои знаења и вештини, облечена во вистинска пекарска униформа. Како одличен професионалец, го превртува тестото преку глава, а потоа меси вкусни пити и буреци.
Покрај овие два специјалитети, Лена успешно подготвува кифлички и кифлички со колбаси и тоа без многу мака.