Девизните резерви на крајот на мај 4,29 милијарди евра
Народна банка објави дека девизните резерви на крајот на мај изнесувале 4,29 милијарди евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,1 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (28,7 отсто) и монетарното злато (11,2 отсто).
Рамката за изготвување на стандардните извештаи за девизните резерви и девизната ликвидност се заснова на два меѓусебно поврзани концепти – официјалните девизни резерви и девизната ликвидност.
Податоците се однесуваат на состојбата на девизните резерви и останати девизни средства на НБРСМ на определен датум. Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.